ЈП Водовод и канализација – Скопје

Водата во Скопје безбедна за пиење и со добар квалитет

14.08.2023 13:38

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18), соопштуваат од ЈП Водовод и канализација – Скопје...

Водата во Скопје е безбедна за пиење. Ова го покажа последното испитување на Секторот за санитарна контрола, направено на 194  примероци за физичко-хемиска и 194 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење, земени од 45 мерни места во Градот Скопје, во периодод  07.08.2023 до 11.08.2023

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18), соопштуваат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.