Свет
Нигер: Лидерите на воената хунта се согласија на директни разговори со ЕКОВАС
14.08.2023 13:45
Економската заедница на западноафриканските држави ги разгледува опциите за обновување на цивилната влада во земјата...

Лидерите на воената хунта во Нигер се согласија на директни разговори со претставници на ЕКОВАС. Датумот на средбата ќе се прецизира во наредните денови.
Сакаме да создадеме начин лидерите на пучот во Нигер да имаат можност за дијалог со лидерите на ЕКОВАС, за да можат да се разберат меѓусебно и мирот да остане на сила во Африка-изјави шефот на нигериската делегација, шеикот Абдулахи Бала Лау.
Економската заедница на западноафриканските држави ги разгледува опциите за обновување на цивилната влада во земјата, но не ја исклучува и можноста за воена интервенција.
