„Денови на занаетчиствто 2014“ во скопската чаршија

21.05.2014 16:22

Старата скопска чаршија од четврток 22.05.2014 до сабота 25.05.2014 година, ќе биде домаќин на традиционалната градска манифестација „Денови на занаетчиството 2014“.

Љубителите на ракотворби и рачно изработени предмети ќе можат да споделат искуства со оние кои прават ракотворби но и да купат некоја рачна изработка.

Ракотворците ќе бидат распослани пред просториите на Занаетчиската комора Скопје, во Старата чаршија.

Скопје е покровител на оваа манифестација, а организатор е Занаетчиската комора Скопје.

Целта на манифестацијата „Денови на занаетчиството“ е  негова но и на занаетчиите, односно нивните производи и услуги, да го доближи занаетчиството до младите луѓе, до граѓаните и до институциите, да поттикне континуирана кампања и промоција на занаетчиството.