тенис
Ѓорческа со скок од една позиција на најновата ВТА ранг-листа
14.08.2023 19:31
Напредок за нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа на ВТА ранг-листата со скок од едно место...

Лина Ѓорческа која играше во финалето на турнирот во Осиек, каде за жал беше поразена, забележа скок од едно место на официјалното рангирање кај дамите и оваа недела е на 247 место со 290 освоени поени.
Во конкуренција на двојки Ѓорческа е на 284 место со 285 поени, односно има пад од две места.