Во пожар на бензинска станица во Дагестан загинаа најмалку 27 лица
Пожарот, што синоќа избувна во работилница за поправка на автомобили, на работ од автопатот во главниот град на Дагестан, Махачкала, предизвика експлозии што се проширија на блиската бензинска пумпа, соопштија официјални лица.

Во пожарот на бензинска пумпа во јужниот руски регион Дагестан досега загинале најмалку 27 лица, меѓу кои и три деца, јавија утринава руските медиуми, повикувајќи се на регионалните служби за итна медицинска помош.
Пожарот, што синоќа избувна во работилница за поправка на автомобили, на работ од автопатот во главниот град на Дагестан, Махачкала, предизвика експлозии што се проширија на блиската бензинска пумпа, соопштија официјални лица.
Бројот на повредени е зголемен на 66, од кои 10 се во критична состојба. Тринаесет од ранетите се деца. На пожарникарите им требаа повеќе од 3,5 часа да го изгаснат пожарот, што се прошири на површина од 600 квадратни метри, јави Тасс.
