Свет

Расте бројот на жртви во пожарите на Хаваите

15.08.2023 09:03

Стотици луѓе се уште се водат како исчезнати додека пожарникарите продолжуваат да се борат со пожарите и спасувачките екипи пребаруваат низ остатоците од историскиот град Лахаина.

Најмалку 99 лица загинаа во пожарите на Хаваите, изјави гувернерот Џош Грин, додавајќи дека бројот на жртви може да биде значително поголем.

Стотици луѓе се уште се водат како исчезнати додека пожарникарите продолжуваат да се борат со пожарите и спасувачките екипи пребаруваат низ остатоците од историскиот град Лахаина. Грин рече дека обемот на штетата од пожарот е „неверојатен“.

Пожарот ги уништи речиси сите згради во градот со 13.000 жители. Со повеќе од 2.700 оштетени или уништени објекти и изгорени повеќе од 2.100 хектари земја, Федералната агенција за управување со вонредни состојби ги процени трошоците за обнова на Лахаина на 5,5 милијарди долари.

Овие пожари се најсмртоносните во САД во последните 100 години.