Добојчани минуваат низ голгота!

21.05.2014 17:14

Водата зад себе остави хаос, многу кал и отпад. За ова добојчани со жалење велат дека водата им однесе се што со години создавале, но и дека нема да се предадат бидејки животот тече понатаму...

И од воздух и од копно видливи се последиците од неодамнешните поплави што го зафати и босанскиот дел од посавјето и од семберија. Еден од градовите кој најмногу настрада од надојдените реки Босна и Усор е Добој.

Градот пред 4 дена за многу за кратко време се најде во вода и до 6 метри.

Сега кога водата се повлече сликата е стравична. Водата зад себе остави хаос, многу кал и отпад. За ова добојчани со жалење велат дека водата им однесе се што со години  создавале, но и дека нема да се предадат бидејки животот тече понатаму.

„За само 10 минути водата навлезе насекаде во градот. Добро е што никој не  настрада. Живи сме, и не ни преостанува ништо друго друго освен да ги засукаме раквите и да работиме“, вели еден граѓанин на Добој.  

„Во овие тешки момнети сите си помагаме еден на друг, но се плашам само од тоа да не се појави зараза“, додава друг.

„По водената стихија во Добој ништо не функционира, нема струја и вода, но најтешкото доаѓа“, вели Вјера Рахмаовиќ.

„Живеам на терти кат, и сами гледате до каде беше водата. Се е уништено во станот“, вели еден граѓанин.

Во монетов примарно е градот да се исчити од клата и отпадот, вели градначалникот на Добој.

„Добиме упаства од владата да ја активираме старата депонија, и таму да ги  закопаме мртвите животни, а потоа да почнеме со десифенкција на објектите“, вели градоначалникот. 

Луѓето од овој крај преживеаа уште една голгота, но среќни се што во оваа несреќа,  уште еднаш се потврди не само човечноста и хумансота, туки и солидарноста,  а потврда за тоа е подарокот што го добија од соседното градче Прњавор- големиот казан за готвење во кој до година ќе се обидат да влезат во Гинис готвејќи босанки лонец.

 

Мирјана Василева