ЦУК

Два активни пожари, за едно деноноќие пријавени 23

15.08.2023 10:00

Пожарите во прилепско и кривопаланечко сè уште се активни, информираат од Центарот за управување со кризи...

Во последното деноноќие биле пријавени 23 пожари на отворен простор. Пожарите во прилепско и кривопаланечко сè уште се активни, информираат од Центарот за управување со кризи.

Во Прилеп интервенирале три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување. Горела сува трева и нискостеблеста деградирана шума. Авионите интервенирале заради брзото ширење на пожарот, а направиле по два прелета.

Во село Кркља, Општина Крива Паланка е упатена екипа од три пожарникари со едно ПП возило, како и екипа од четири лица со едно теренско возило од ЈП „Национални шуми“ – подружница „Осогово“.