Македонија

ЗМСТАС: Медицинските сестри не се платени по одговорностите како што и заслужуваат

15.08.2023 11:32

Покачувањето на платите не го решава и регулирањето на соодносот, туку мора да се направи соодветна измена на коефициентите и зголемување на групите кај медицинските сестри, велат од Здружението на медицински сестри...

Медицинските сестри во колективните договори се опфатени во малку групи, и на тој начин не се платени по одговорностите како што и заслужуваат, реагираат од Здружението на медицински сестри „За нас“. Велат, последните парцијални покачувања на платите по основ на коефициенти, и по основ на додатоци ги оставило медицинските сестри на сооднос еден спрема три, наспроти личните доходи на лекарите по коефициент, односно еден спрема пет, по основ на додатоци на плата. Бараме да се следи законската рамка која укажува на тоа соодносот да биде еден спрема два, особено кај сестрите со средна стручна спрема.

Покачувањето на платите не го решава и регулирањето на соодносот, туку мора да се направи соодветна измена на коефициентите и зголемување на групите кај медицинските сестри, велат од Здружението на медицински сестри.

Оттаму, бараат и надзор за почитување на анекс договорот за колективните договори на медицинските сестри, бидејќи истиот според нив, не се спроведува во голем број болници.