МРТ ексклузивно во Обреновац: Пустош по поплавите
Ќе се спаси ли електраната „Никола Тесла“ која со струја ја снабдува речиси половина Србија?

Македоснакта телевизија ексклузивно успеа да влезе во Обреновац, градот што највеќе беше погоден од водниот бран на реките Сава и Колубара, насекаде може да се видиат превртени и потопени автомобили. Водата сеуште е на завидно ниво а тоа им право проблеми на враќањето на жителите. Не функционира речиси ништо, нема вода, нема електрично снабдување.
Страшна е глетката која осамна по водената стихија и со каква сила таа располага, по надојдените реки. Предмалку бевме и до насипот што беше пробиен, каде што навлегол бранот, тоа беше страшно, можевме да видиме како е уништено се она што човек го создал овде. Патиштата се истотака поплавени, овде неможе да се пројде без воено возило, ние успеавме со возило на македонската армија, придружувани со лица од српската армија, да влеземе во Обреновац.
Ова е слика што не се заборава, МРТ има ексклузивна можност да ја пренесе страотна ситуација и атмосфера која владее овде, во обреновац. Во повеќе од еден метар вода се движиме во поплавенот подрачје, патот е блокиран и нема никакво движење на возила освен на армиските. Насекаде поплавени куќи, напуштено е целото подрачје, предмалку ја поминавме термоелектраната „Никола Тесла“ и можевме да видиме дека и таму се води голема битка да се спаси електраната која снабдува околу 50-тина проценти од струјата во цела Србија.
Зоран Богатинов, специјален досписник за МРТ од Обреновац, Србија
