„Шеќерни луѓе“ на Сузана Диневски на неколку престижни меѓународни филмски фестивали
Ќе биде прикажан во официјалната конкуренција на филмскиот фестивал „Љубов и надеж“ во Барселона, Шпанија каде е номиниран за најдобар инспиративен краткометражен филм...

Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе“ во режија на Сузана Диневски ќе биде прикажан на неколку престижни меѓународни фестивали, што ќе се одржат во текот на септември, годинава. Ќе биде прикажан во официјалната конкуренција на филмскиот фестивал „Љубов и надеж“ во Барселона, Шпанија каде е номиниран за најдобар инспиративен краткометражен филм.
Проекцијата е закажана за 20-ти септември во најстарото кино во Барселона, киното Малда. Ќе се прикажува на филмскиот фестивал во Лече, Италија на 7-ти септември, на филмскиот фестивал во Замок Лагопесоле, Италија, како и во Албанија.
