Стабилна е состојба на 42-годишниот велешанец заразен од конго – кримска хеморагична треска
Засега нема влошување на неговата клиничка слика, информираат од Клиниката за инфективни болести. Во стабилна состојба е и болничарката која се зарази од младата штипјанка, која почина како последица од вирусот...

Стабилна е здравствената состојба на 42-годишниот велешанец, којшто е трет позитивен случај на конго – кримска хеморагична треска во земјава. Засега нема влошување на неговата клиничка слика, информираат од Клиниката за инфективни болести.
Во стабилна состојба е и болничарката која се зарази од младата штипјанка, која почина како последица од вирусот. Според лекарите, велешанецот најверојатно се заразил при каснување од крлеж додека рибарел покрај Вардар, во Велес. Екипи од ветеринарниот факултет на терен заловуваа инсекти и испитуваат дали постои жариште од заразени крлежи, се бараат причините, зошто болеста после долги години повторно се појави.
Лекарите апелираат на поголема внимателност при прошетките во природа. Болеста се пренесува со убод од заразен крлеж, но и со директен контакт со контаминираната крв. Болеста е смртоносна во 40 проценти од случаите и има брза прогресија.
