Франција

Голем пожар во јужна Франција, мобилизирани 500 пожарникари

15.08.2023 13:50

Шумски пожар опустоши 300 хектари на југот од Франција. Властите го повикаа локалното население и туристите да бидат исклучително внимателни...

Шумски пожар опустоши 300 хектари на југот од Франција. Мобилизирани се повеќе од 500 пожарникари, меѓу кои 13 противпожарни авиони и три хеликоптери. Властите го повикаа локалното население и туристите да бидат исклучително внимателни.

Романија испрати 20 пожарникари и специјализиран модул за гаснење шумски пожари на Корзика, како дел од напорите за меѓународна помош во текот на летната сезона. Романските пожарникари ги заменуваат словенечките колеги кои мораа да се вратат дома поради неодамнешните поплави.