Папата Франциск пренесе поздрав до „Библиската Македонија“

21.05.2014 17:25

Иванов од папата Фрнациск беше примен во приватната резиденција што овде се толкува како особено одадена почит...

20 години дипломатски односи помеѓу Македонија и Ватикан. Со средба меѓу претседателот Иванов и Папата Франциск во Ватикан започна посетата на Македонската државно- црковна делегација во Италија, за чествување на денот на Сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

Иванов од папата Фрнациск беше примен во приватната резиденција што овде се толкува како особено одадена почит.

На тет-а-тет средбата разговарале за историјата и односите меѓу Ватикан и Македонија. Папата пренел поздрави до како што рекол „Библиската Македонија“.

„Разговаравме дека за овие 20 години дипломатски односи имаме изградено односи на почит и пријателство, кои создаваат нова соработка пред се во користење на архивите кои ги има Ватикан, на документите кои се однесуваат на нас и на нашата историја, соработка во областа на образованието и културата кадешто може да се најде заеднички интерес“, изјави претседателот Иванов по средбата со папата Франциск.

Иванов оствари средба со државниот секретар на Светиот Престол, Монсињор Пјетро Паролин. Соработката се продлабочува е заедничката порака. Се разговарало и за можноста да се условува Македонија со нејзиното уставно име.

„Кога сме ги воспоставиле нашите односи тоа било под референца за обединетите нации и дека после 20 години постои можност да почнеме постапка за билатералните односи Ватикан да ги има со нас под нашето уставно име“, истакна претседателот Иванов.

Претседателот Иванов на папата Франциск му подари резба од светите Кирил и Методиј. На 24 мај во утринските часови во црквата Св. Климент ќе се одржи молидбен со кој ќе чиноначалствува архиепископот г.г. Стефан, а ќе му сослужуваат владиците Пимен и Климент.

 

Миле А. Ристестки, за МРТ од Ватикан