Македонија

Град Скопје: Завршена изградбата на улицата Есенинова

15.08.2023 14:18

Новата улица ги поврзува булеварите Борис Трајковски и Трета Македонска бригада и со истата ќе се намали сообраќајниот метеж кој се создава на крстосницата кај „Тутунски комбинат“.

Завршена изградбата на улицата Есенинова, која претставува ново сообраќајно поврзување на општините Аеродром и Кисела Вода.

Новата улица ги поврзува булеварите Борис Трајковски и Трета Македонска бригада и со истата ќе се намали сообраќајниот метеж кој се создава на крстосницата кај „Тутунски комбинат“.

Дополнително, изградена е нова водоводна и канализациона мрежа, поставено е улично осветлување и изградени се нови подземни  бунарски линиски системи кои се во функција со резервоар, пумпна станица и поврзување со хидрантска мрежа.

Паралелно со градежните работи се изведоа заштитни огради и на крстосницата се постави нова светлосна сигнализација и соодветно обележување на хоризонталната сигнализација на коловозите, соопштуваат од Град Скопје.