МВР

Приведени две лица во скопско поради бесправна сеча на дрва

15.08.2023 14:32

Тие биле затекнати како со моторна пила неовластено сечат огревни дрва...

Денеска околу 13.00 часот во атарот на викенд населба Бродец, место викано „Раеви ливади“, полициски службеници од ЕВР Чаир ги лишиле од слобода В.Ј. и малолетник, двајцата од с.Љубанци, скопско.

Тие биле затекнати како со моторна пила неовластено сечат огревни дрва. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.