Македонија

Сали: Со документарецот на ИРЛ „Убиство во Тетово“ беа кажани повеќе вистини

15.08.2023 14:57

Според него, со постапката која се одвиваше за пожарот во модуларната болница во Тетово, жртвите изгореле по вторпат, а виновниците биле наградени.

Со документарецот на ИРЛ „Убиство во Тетово“ беа кажани повеќе вистини-вели поранешниот министер за здравство, Сали. Според него, со постапката која се одвиваше за пожарот во модуларната болница во Тетово, жртвите изгореле по вторпат, а виновниците биле наградени.

„Која е обврската која оваа власт ја има кон Анѓушев и зошто се гази по жртвите од пожарот за корист од неколку милиони евра? Што друго треба да се случи за Ковачевски и Меџити да поднесат оставки?“ – рече Беким Сали, поранешен министер за здравство.

Тој побара одговорност и од државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.