Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО амнестира од одговрност

15.08.2023 19:25

Срамно е што одговорноста за смртта на 14 луѓе се сведе на две – три периферни лица во системот без прецизно утврдување на вистинска одговорност, велат во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ...

Чуден е молкот за пропустите на јавното обвинителство во случајот со модуларната болница во Тетово. Срамно е што одговорноста за смртта на 14 луѓе се сведе на две – три периферни лица во системот без прецизно утврдување на вистинска одговорност, велат во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, јавното обвинителство како за овој, така и за сите други случаи амнестира од одговорност луѓе за кои има основани сомневања дека имаат пропусти во работата и криминално работат.