Денес протест пред судот во Тетово за пожарот во модуларната болница
Протестот следува по емитувањето на истражувачкиот документарен филм на ИРЛ во неделата, насловен „Убиство во Тетово“.

Денеска во 12 часот пред Основниот суд во Тетово ќе се одржи протест за правда и лоцирање на одговорноста за пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој пред две години живи изгореа 14 лица. Најавата за протестот од вчера се шири на социјалните мрежи.
Протестот следува по емитувањето на истражувачкиот документарен филм на ИРЛ во неделата, насловен „Убиство во Тетово“.
За овој случај имаше и обвинение, како и пресуда. Обвинителот ги гонеше двајцата ексдиректори на тетовската болница и докторот задолжен за модуларниот објект, но, не и за причините за пожарот.
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција води уште една истрага, која се однесува за тоа како е спроведен тендерот за изградба на сите модуларни објекти.
