Свет
Бајден: Ќе отпатувам на Хаваите што е можно поскоро
16.08.2023 09:04
Говорејќи во Милвоки вчера, Бајден рече дека сака да се погрижи луѓето во државата да имаат „сè што им треба“.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ќе отпатува на Хаваите „што е можно поскоро“, по критиките за неговиот одговор на смртоносните шумски пожари на островот во кои загинаа повеќе од 100 луѓе.
Говорејќи во Милвоки вчера, Бајден рече дека сака да се погрижи луѓето во државата да имаат „сè што им треба“.
Бројот на загинати во пожарите сега е 101, додека околу 1.300 лица се водат како исчезнати. Жителите на Хаваи се пожалија на брзината на одговорот на федералната влада на катастрофата.
