ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски гласал улицата „Втора македонска бригада“ да се преименува во „Адем Демачи“
Истиот тој Демачи нема никаква поврзаност ниту со Македонија, ниту пак со Скопје. Ковачевски свесно се откажал од најпознатата македонска воена единица од Втората Светска војна, во замена за славење на Демачи, велат од партијата.

Лицемерот Димитар Ковачевски глуми револтираност, а всушност тој лично пред две години на седница на влада од позиција заменик министер за финансии гласал за преименување на улицата од „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Истиот тој Демачи нема никаква поврзаност ниту со Македонија, ниту пак со Скопје. Ковачевски свесно се откажал од најпознатата македонска воена единица од Втората Светска војна, во замена за славење на Демачи, велат од партијата.
И наместо денеска да глуми лажна загриженост, Ковачевски мора да одговори зошто гласал на промена на име на улицата од „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“? Чија била наредбата да гласа и уште за колку вакви одлуки Ковачевски кренал два прста, а граѓаните не знаат- стои во соопштението.
