СДСМ: Цела недела Мицкоски молчи за настаните и провокациите во Тетово
Касами и Мицкоски заедно се обидуваа да ја урнат Владата, а нивната соработка продолжува и денес и во советот на Тетово и во македонското Собрание, велат од партијата.

Цела недела Христијан Мицкоски молчи за настаните и провокациите што се случија минатата недела во Тетово. Мицкоски не кажа ниту збор за тоа што немаше државно знаме, за тоа што немаше државна химна. Наместо осуда Мицкоски се стави во одбрана на Касами, неговиот коалициски партнер, кој беше организатор на настанот, соопштуваат од СДСМ.
Касами, токму со гласовите и поддршката на ДПМНЕ стана на градоначалник на Тетово, заедно држеа прес конференции во општинската зграда. Касами и Мицкоски заедно се обидуваа да ја урнат Владата, а нивната соработка продолжува и денес и во советот на Тетово и во македонското Собрание, велат од партијата.
Наместо да работат на решавање на проблемите на граѓаните коалицијата на Мицкоски и Касами во Тетово промовира поделби, национализам, провокации и создаваат тензии, стои во соопштението.
