Украина

Зеленски во посета на војниците во Запорожје

16.08.2023 09:23

Зеленски за време на посета на Запорожје, се сретна со борбени бригади и со повредени војници во болница. Ги пофали за нивните достигнувања во борбата против Русија...

Украинскиот претседател Зеленски за време на посета на Запорожје, се сретна со борбени бригади и со повредени војници во болница. Ги пофали за нивните достигнувања во борбата против Русија.

„Сакам посебно да им се заблагодарам на сите наши војници кои ја ставија руската опрема во служба на Украина. Тоа е значаен доказ за способноста на нашите херои да одземат оружје од непријателот и да го користат“, нагласи украинскиот претседател Зеленски.

Украина започна контраофанзива против руските сили на југ и југоисток на почетокот на јуни, надевајќи се дека ќе ги преполови руските сили со напредување на југ кон Азовското Море.