Литература

Промоција на нов роман на Лидија Димковска во издание на „Три

16.08.2023 10:55

Романот носи освестувачка приказна за нашиот свет што заборавивме да го сакаме. Не води кон себеприфаќање, себенаоѓање и пронаоѓање на домот. Трага по утопијата на идентитетот преку дистопијата на животот...

Во четврток, во кафе-барот „Филхармонија“, со почеток во 19.30 ќе се одржи промоција на новиот роман на Лидија Димковска „Единствен матичен број“, во издание на „Три“. Промотори на четвртиот роман на Лидија Димковска се Виолета Танчева-Златева и Гоце Смилевски.

Романот носи освестувачка приказна за нашиот свет што заборавивме да го сакаме. Не води кон себеприфаќање, себенаоѓање и пронаоѓање на домот. Трага по утопијата на идентитетот преку дистопијата на животот.

Лидија Димковска е веќе докажана авторка на овие простори и надвор од нив. Двапати се има закитено со наградата за проза „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија, како и со германската награда за поезија „Хуберт Бурда“, со романските награди „Поесис“ и „Тудор Аргези“, наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска книга за „Гранична состојба“ итн. Преведена е на неколку странски јазици со избори и засебни книги кои редовно наидуваат на позитивни критики и одгласи.