МВР

Санкционирани 247 возачи за брзо возење на територијата на цела држава

16.08.2023 11:01

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 247 возачи.

Од нив 31 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа 78 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 169 надвор од населено место, информираат од МВР.