МВР
Приведен битолчанец за доиздржување на казна затвор од три и пол години
16.08.2023 12:15
Денеска од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Прилеп, лишен е од слобода И.Р.(45) од Битола...

Денеска од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Прилеп, лишен е од слобода И.Р.(45) од Битола. Тој се барал со наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување казна затвор од 3 години и 6 месеци.
Лицето е приведено и ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на затворската казна, соопштуваат од МВР.
