Образование

На Шангајската листа и годинава нема ниту една македонска високообразовна установа

16.08.2023 12:29

Во регионот, универзитетот во Белград е најдобро рангиран. На листата се и универзитетот во Нови Сад, во Загреб и во Љубљана.

На Шангајската листа и годинава нема ниту една македонска високообразовна установа меѓу најдобрите универзитети во светот – покажува новото академското рангирање.

Универзитетот Харвард по 21-ви пат се најде на врвот, на второ место е универзитетот Стенфорд, на трето Институтот за технологија Масачусетс, сите од Соединетите Американски Држави.

Во регионот, универзитетот во Белград е најдобро рангиран. На листата се и универзитетот во Нови Сад, во Загреб и во Љубљана.

Повеќе од 2.500 високообразовни институции се вклучени во академското рангирање на универзитетите во светот, а се објавуваат најдобрите илјада.