Политика

Два дена до седницата за уставни измени, власта и опозицијата со дијаметрално спротивни ставови

16.08.2023 12:33

В петок на пленарка прво ќе се гласа за предлогот за отворање на Уставот, а потоа треба да почне претресот. Засега неизвесно е потребното двотретинското мнозинство.

Два дена пред седницата за уставните измени во законодавниот дом, власта и опозицијата сè уште со дијаметрално спротивставени ставови.

В петок на пленарка прво ќе се гласа за предлогот за отворање на Уставот, а потоа треба да почне претресот. Засега неизвесно е потребното двотретинското мнозинство.

Власта бара поддршка, опозицијата вели-не за уставни измени под бугарски диктат.

Во тек е координација на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со пратеничката група. Од СДСМ велат, ова е последна шанса за приклучок кон европскиот блок, ги повикуваат да покажат одговорност.