Македонија
Захариева: Македонија мора да ги спроведе реформите и да ги исполни условите ако сака преговори со ЕУ
16.08.2023 12:49
Според неа измените на македонскиот устав не се голема работа. Ги повикува, како што вели, „македонските соседи и пријатели, да не се плашат од промените“, да ги прифатат...

Македонија мора да ги спроведе потребните реформи и да ги исполни условите ако сака преговори за влез во Европската унија, во изјава за Бугарската новинска агенција вели заменик потпретседателката на ГЕРБ и на парламентарната Комсија за надворешна политика, Захариева.
Според неа измените на македонскиот устав не се голема работа. Ги повикува, како што вели, „македонските соседи и пријатели, да не се плашат од промените“, да ги прифатат.
Таа е категорична дека е корисно за двете земји да отворат нова страница во односите.
