Македонија

Голем пожар во општина Лозово, гори зимзелена шума

16.08.2023 14:02

Зафатена е зимзелена шума во месноста Кишински рид. Станува збор за тешко пристапен терен...

Попладнево изби голем пожар во општина Лозово. Зафатена е зимзелена шума во месноста Кишински рид. Станува збор за тешко пристапен терен.

Поради опасноста да биде предизвикана голема штета, донесена е одлука да интервенираат трите ер-трактори и два полициски хеликоптери.