Канада без Мареј на Светско првенство
Најдобриот канадски играч ги пропушти сите натпревари во подготвителниот период поради проблеми со повредата, а селекторот Жорди Фернандез до последен момент се надеваше дека сепак ќе биде подготвен да отпатува со тимот на Мундобаскетот.
Канадскиот кошаркар Џамал Мареј ќе го пропушти Мундијалот поради повреда, објави на својата интернет страница Канадската кошаркарска асоцијација.
Најдобриот канадски играч ги пропушти сите натпревари во подготвителниот период поради проблеми со повредата, а селекторот Жорди Фернандез до последен момент се надеваше дека сепак ќе биде подготвен да отпатува со тимот на Мундобаскетот.
Мареј (26) пред само два месеци ја освои шампионската титула во НБА со Денвер Нагетс и заедно со Никола Јокиќ беше најзаслужен за историскиот успех на франшизата од Колорадо.
Канада е во групата Х на Светското првенство со Франција, Либан и Летонија.
