Македонија

Лидерот на ДУИ, Ахмети на средба со министерот за транспорт од Косово, се договара проект за патно поврзување меѓу Тетово и Приздрен

16.08.2023 16:10

Наместо да не казнат треба да не пофалат бидејќи работиме на одржување на парламентарните избори, вели тетовскиот градоначалник Касами кој заедно со Општина Чаир заработија прекршочни пријави за веење на знамето на голема Албанија за време на прославата при посетата на косовскиот премиер Касами. За него е нејасно зошто не е прозван Али Ахмети, кој денеска го промовираше проектот за патно поврзување заедно со косовскиот министер за транспорт и врски...

Додека сè уште не се смирени страстите околу посетата на косовскиот премиер Албин Курти и иконографијата на концертот во Тетово во негова чест, лидерот на ДУИ Али Ахмети во партиското седиште во Мала Речица промовираше проект за патно поврзување меѓу Тетово и Призрен со косовскиот министер за транспорт Либан Алиу. На кусиот прес ниту збор за настаните од 13-ти август и посетата на Курти и казните за организаторите.

Еден од двајцата казнети тетовскиот градоначалник Биљал Касами во својство на претседател на БЕСА коментира дека казните за него и за колегата од скопски Чаир Ганиу се неразумни. Вели работиме на одржување на предвремени парламентарни избори, а политичарите кои реагираа за наше казнување се во насока токму на изборите. Ниту во приватната посета на Курти, ниту на промоцијата на патното поврзување кое беше промовирано во ДУИ, Касами не гледа ништо спорно.

Касами и Ганиу ќе заработат прекршочни пријави поради тоа што на собирот во Тетово не беше интонирана државната химна, а го немаше ниту македонското знаме. Се трага по лицето кое на плоштадот вееше знаме на голема Албанија.

 

Миле Ристески