мвр

Пронајдена дрога при претрес во прилепско, приведен дилер

16.08.2023 20:36

По документирање на настанот против лицето ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР...

Денеска полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.В.(47) од Прилеп. Имено, по претходно издадена наредба од Основен суд Прилеп, извршен е претрес во викенд куќа лоцирана во с. Старо Лагово, прилепско, сопственост на Д.В., и пронајдена е кафеава прашкаста материја и дигитални ваги.

По документирање на настанот против лицето ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР.