свет
Северна Кореја се огласи за пребеганиот американски војник
16.08.2023 18:39
Според државната севернокорејска агенција, 23-годишниот војник признал дека нелегално влегол во земјата...

Пјонг Јанг објави дека американскиот војник Тревис Кинг, стигнал на нивната територија изминатиот месец поради малтретирање и расна дискриминација во војската. Според државната севернокорејска агенција, 23-годишниот војник признал дека нелегално влегол во земјата. Извештајот е првиот јавен коментар на Северна Кореја за случајот со Тревис Кинг, кој се враќаше во САД по судирот со јужнокорејската полиција кога незабележано се упатил кон границата на двете Кореи.
Вашингтон соопшти дека не може да ги потврди тврдењата
