СДСМ: Никој нема забелешка за предложените уставни измени, време е за глас за Европа
Против предлог измените, никој, па дури и ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски не се изјасни против. Затоа, потребно е обединување околу иднината на земјата со глас за Европа во македонското Собрание, нагласуваат од партијата.

Во македонското Собрание утре започнува расправата за предлог измените на Уставот. Предложените уставни измени се јавно објавени и јасно се гледа дека тие дополнително го унапредуваат македонскиот устав и го зајакнуваат македонскиот идентитет, се унапредуваат основните права на деловите од народи кои живеат во нашата земјата, но и се истакнува посебноста на македонскиот народ, соопштуваат од СДСМ.
Против предлог измените, никој, па дури и ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски не се изјасни против. Затоа, потребно е обединување околу иднината на земјата со глас за Европа во македонското Собрание, нагласуваат од партијата.
Секој кој и мисли добро на државата ќе ги поддржи уставните измени по чие усвојување веднаш ќе се отворат првите поглавја и ќе се забрза процесот на интеграција во ЕУ. По 17 години во чекалната, ги започнавме преговорите со ЕУ и не смееме на тој пат самите ние да си ставаме пречки, откако ги минавме сите предизвици, стои во соопштението.
