Град Скопје

Доцнат платите во ЈСП, Синдикатот најавува протести

17.08.2023 09:38

Претставниците на Синдикатот побараа средба со градоначалничката на Скопје, Арсовска, во спротивно велат утре ќе излезат на протести.

Платите на вработените во ЈСП доцнат два месеца. Претставниците на Синдикатот побараа средба со градоначалничката на Скопје, Арсовска, во спротивно велат утре ќе излезат на протести.

Според нив, состојбата во Јавното сообраќајно препријатие во главниот град е пред колапс, оти покрај нередовните плати, има недостиг на возачи и друг персонал, и дополнителни трошоци што не им се исплаќаат за бесплатното возење на учениците, студентите и пензионерите.