Сообраќај

МВР: 54 санкции за прекршоци на возила кои вршат јавен превоз на патници

17.08.2023 11:11

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 09.00 до 14.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници...

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 09.00 до 14.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници. При контролата санкционирани се 54 прекршоци, од кои 16 поради неисправен уред за запирање …

Упатени на вонреден технички преглед биле 177 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз на патници. За време на контролата констатирани и законски санкционирани се и 173 други видови на сообраќајни прекршоци, соопштуваат од МВР.