Љубовни проблеми- причина за убиството и самоубиството во Ново Лисиче

21.05.2014 23:31

38-годишната Адриана С. од Штип е убиената девојка во скопско Ново Лисиче. Таа е жртва на 42-годишниот Горан С. од Арачиново, кој по убиството се самоуби.
 
Според првичните и неофицијални податоци, причина за убиството и самоубиството се љубовни проблеми. На убиството му претходело расправија меѓу двете жртви, по што се слушнале четири истрели. Инцидентот се случил во влезот од зградата број 10 на булеварот Видое Смилевски Бато, во близина на маркетот Рамстор. 
 
Претходно се шпекулираше дека постои и трето тело во заградата. Полицискиот увид сеуште трае.