Воен конфликт
Украина: Продолжуваат интензивните борби
17.08.2023 09:39
Силите на Киев користеа разузнавачки информации со беспилотни летала за да ги нападнат руските позиции. Украинската војска ги ескалираше битките во областа Лиман.

Интензивни борби на фронтот во Украина. Силите на Киев користеа разузнавачки информации со беспилотни летала за да ги нападнат руските позиции. Украинската војска ги ескалираше битките во областа Лиман.
Официјални лица изразија загриженост дека имаат недостиг од гранати. На периферијата на кремина во областа Луганск, минофрлачка единица ги погоди руските позиции преку координати од разузнавачките дронови.
