САД

Калифорнија: Парадајз погоден од најсмртоносниот пожар во историјата

17.08.2023 11:06

Во пожарот пред речиси пет години, загинаа 85 луѓе, а беа уништени речиси 19 илјади згради.

Жителите во малата заедница на градот Парадајз во Северна Калифорнија добија предупредување малку пред шумскиот пожар да го зафати нивниот град.

„Имавме повеќе состаноци со жители по пожарот и им дадовме можност да го сфатат она што е важно. Повторно, што би ве натерало да се чувствувате сигурно и среќно и да сакате да се вратите. Што ви треба? Број еден на таа листа беше системот за предупредување“, изјави Грег Болин,  градоначалник.

Во пожарот пред речиси пет години, загинаа 85 луѓе, а беа уништени речиси 19 илјади згради. Во тоа време, пред Мауи, тоа беше најсмртоносниот шумски пожар во САД.