Свет
Канада: На град со 20.000 жители му се заканува голем пожар
17.08.2023 11:49
Околу 20.000 жители на Јелоунајф добија рок за заминување до утре на пладне.

Се евакуира еден од најголемите градови на северот на Канада по предупредувања за пожари кои би можеле да стигнат до него до викендот. Околу 20.000 жители на Јелоунајф добија рок за заминување до утре на пладне.
Пожарот синоќа бил на само 17 километри од градот. Наредба за евакуација е издадена и за Хеј Ривер.
