Култура

Почнува 14. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“

17.08.2023 12:12

Фестивалот ќе се одржи на четири локации, Куршумли-ан, платото на Музеј на Македонија, Младински културен центар и Супи-ан...

Денеска се отвора 14. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, кој ќе се одржи од 17-ти до 24-ти август во Скопје. Тематски фокус на фестивалот е монтажата на документарните филмови.

Фестивалот ќе се одржи на четири локации, Куршумли-ан, платото на Музеј на Македонија, Младински културен центар и Супи-ан, додека мастер-класовите ќе се одржат во Даутпашин амам.

Филмската програма на 14. „МакеДокс“ е распоредена во пет категории – Главна програма, Нови автори, Кратки документарни филмови, студентски документарци и Програмата за деца и младинци. Земја во фокус годинава е Данска. Отворањето е вечер во Куршумли-ан.