Започнува 56. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид
Во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, денеска започнува 56. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. Ќе учествуваат 70 странски македонисти од 18 држави...

Во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, денеска започнува 56. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. Ќе учествуваат 70 странски македонисти од 18 држави.
Пријавени се учесници од НР Кина, САД, Република Кореја, Италија, Франција, Грција, Турција, Полска, Словачка, Унгарија, Украина, Романија, Руската Федерација, Словенија, Хрватска, Србија, Албанија и Чешката Република.
По завршувањето на Летната школа, од 1 до 3 септември во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид ќе се одржува и јубилејната, 50. Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ.
