Расмусен денеска во посета на Македонија

22.05.2014 09:32

На средбите, Расмусен ќе биде запознат со статусот на прогресот на Република Македонија во однос на имплементацијата на реформските процеси, а со основна цел упатена кон целосна евро-атлантска интеграција...

Во рамки на посетата на регионот, Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмунсен денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Македонија.
 
За време на посетата, како штосоопшти МНР, генералниот секретар на НАТО ќе оствари средби со премиерот Никола Груевски, министерот за надворешни работи Никола Попоски и министерот за одбрана Талат Џафери, како и со лидерот на ДУИ Али Ахмети.
 
На средбите, Расмусен ќе биде запознат со статусот на прогресот на Република Македонија во однос на имплементацијата на реформските процеси, а со основна цел упатена кон целосна евро-атлантска интеграција и забрзано остварување на членството во НАТО.