Охрид

Театарската претстава „Нора“ во изведба на Љубљански театар на Охридско лето

17.08.2023 13:49

Феминистичката претстава „Нора“, во изведба на Љубљански театар, на репертоарот на најпрестижната фестивалска манифестација во земјава „Охридско лето“. Овој пат во режија на македонската режисерка Нела Витошевиќ...

Театарската претстава „Нора“ во изведба на градскиот театар Љубљана на репертоарот на фестивалот „Охридско лето“. Претставата, која критички го начнува проблемот на патријархално уредениот модел на граѓанско семејство и го артикулира правото на жената да избере ослободување од подреденоста во бракот, е една од најизведуваните дела во светот.

Овој пат во режија на македонската режисерка Нела Витошевиќ.

„Мислам дека е многу актуелно да се отвораат овие женски прашања, да се зборува отворено и слободно за нив. Особено имајќи предвид дека Нора е лик којшто го симболизира женскиот отпор и потрагата за индивидуална слобода“, рече Витошевиќ.

Претставата е распродадена, а актерите воодушевени во пресрет на настапот на „Охридско лето“.

„Во работата се обидував да го одржувам срцето отворено и ликот на Нора да не го осудувам на никаков начин. Затоа што најчесто, кога жената го напушта сопругот и децата тоа сè уште кај нас е голема табу-тема“, изјави Ајда Смрекар актер од Словенија

„Реакциите на публиката беа прекрасни. Голем број средношколци ја погледнаа претставата, затоа што текстот „Нора“ им е дел од матурската. Дојдоа многу млади луѓе и нивните реакции беа навистина позитивни“, рече Матеј Пуц, актер од Словенија.

На 20-тити август, со театарската претстава „Лагата“ на Белградскиот театар, се спушта завесата на најпрестижната фестивалска манифестација во земјава.

 

Соња Рилковска