Иванов ќе одржи предавање на универзитетот „Федерико Втори“ во Неапол

22.05.2014 09:39

Во тек на посетата на Универзитот ќе биде потпишан меморандум за разбирање помеѓу Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје и Универзитетот „Федерико Втори“ во Неапол...

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе го посети Универзитетот „Федерико Втори“ во Неапол, каде ќе одржи предавање на тема „Од Taurisius до Constantinopolis – од Corpus luvris Civilis до меѓународно право“.

Во тек на посетата на Универзитот ќе биде потпишан меморандум за разбирање помеѓу Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје и Универзитетот „Федерико Втори“ во Неапол.

Универзитетот од Неапол, кој е основан во 1224 година е светски позната високо-образовна институција. Од надалеку познатите историски личности кои биле студенти како Св. Тома Аквински и Џордано Бруно, се до неколку италијански претседатели, меѓу кои и утрешниот соговорник на македонскиот претседател, италијанскиот претседател Џорџо Наполитано.

На овој Универзитет пред 45 години се отвора и првиот лекторат по македонски јазик во светот.