НИГЕР
ЕКОВАС подготвен воено да интервенира
17.08.2023 16:32
Западноафриканските функционери по состанокот во Гана за состојбата во Нигер одново ја обвинија хунтата дека игра „мачка и глушец“ со блокот со тоа што одбива да се сретне со пратениците...

„ЕКОВАС“ е подготвен воено да интервенира во Нигер доколку не успеат дипломатските напори за поништување на воениот удар во земјата. Западноафриканските функционери по состанокот во Гана за состојбата во Нигер одново ја обвинија хунтата дека игра „мачка и глушец“ со блокот со тоа што одбива да се сретне со пратениците. „ЕКОВАС“ бара од воените лидери во Нигер да го ослободат соборениот претседател Мухамед Базум.
Обединетите нации, Европската унија исто така изразија загриженост за условите на неговиот притвор.
