Претседателот Пендаровски утре ќе одликува припадници на Армијата со Медал за учество во хуманитарни или мировни операции
Во рамки на одбележувањето на Денот на Армијата, претседателот Пендаровски ќе одликува припадници на Армијата со Медал за учество во хуманитарни или мировни операции надвор од територијата на Република Северна Македонија, признание кое за прв пат ќе се додели во нашата држава...

Претседателот и Врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски, утре ќе се обрати на централната прослава за одбележување на 18 Август – Ден на Армијата.
Во рамки на одбележувањето на Денот на Армијата, претседателот Пендаровски ќе одликува припадници на Армијата со Медал за учество во хуманитарни или мировни операции надвор од територијата на Република Северна Македонија, признание кое за прв пат ќе се додели во нашата држава, а кое следува по донесената одлука на претседателот Пендаровски за описот, изгледот и материјалите од кои се изработува Медалот, врз основа на Законот за одликувања и признанија.
Како што соопштуваат од претседателскиот кабинетот, на утрешната свеченост, претседателот Пендаровски со Медал за учество во хуманитарни или мировни операции надвор од територијата на Република Северна Македонија ќе одликува 13 припадници на Армијата, а со Медал за храброст ќе одликува 60 припадници на Армијата.
