АВТОМОБИЛИЗАМ
Автомобилскиот шампион Игор Стефановски Иџе на чекор до нова титула
17.08.2023 20:19
Викендов Иџе ќе настапи на патеката Сент Урсан во Швајцарија...

Македонскиот автомобилски шампион Игор Стефановски Иџе на три трки до крајот е лидер во пласманот во Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC). Викендов Иџе ќе настапи на патеката Сент Урсан во Швајцарија.
Оваа патека за него не е нова а трката во Швајцарија ќе биде осма од десетте планирани сезонава во Европскиот шампионат.
