Сообраќај
МВР: 19 санкционирани мотоциклисти на подрачјето на Прилеп
17.08.2023 21:07
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови...

Во текот на денешниот ден во период од 15.00-20.00 часот на подрачје на Прилеп спроведена е локална акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 19 возачи. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта, информираат од МВР.
